Laureat IŁŁY Mateusz Szymczyk z Laurem STRUGI

Laureat 40. Konkursu im. Kazimiery Iłłakowiczówny na debiut roku 2023, Mateusz Szymczyk, został tegorocznym laureatem konkursu MOSTY STRUGI w Macedonii.
Nagrodę odbierze Mateusz Szymczyk w Strudze podczas tegorocznego światowego festiwalu Strużańskie Wieczory Poezji (Struga Poetry Evening), na który już został zaproszony.
Naszemu laureatowi serdecznie gratulujemy!!!
 
4 godz. 
Наградата „Мостови на Струга 2025“ ја освои Матеуш Шимчик со дебитантската поетска книга „Потребни се извори“
На вчерашната прес-конференција во МАНУ беше соопштен добитникот на наградата за конкурсот „Мостови на Струга 2025“. Оваа година, наградата ја доби Матеуш Шимчик за неговата дебитантска поетска збирка „Потребни се извори“.
Шимчик, поет од Полска, во својата поезија се фокусира на теми како личното искуство, секојдневната макотрпност и потребата за пронаоѓање извори кои ќе не издигнат. Неговите стихови се полни со интензивни мотиви, повторувања и ритмички фрази, кои поттикнуваат длабока размисла.
Честитки за победата!
Ви претставуваме стихови од неговото поетско творештво:
( )
Старозаветниот гест на клатење
е како болест на сираче
предизвикана од растење во отсуство на бог.
Сите ние изгледаме како ликови од Мортал Комбат. Маски против смог, маски за ковид, воини од друга димензија. Во гипс со мојата глава! Оваа болна, зачадена улица. Го метат тротоарот пред лихварницата.
Гулабот, што ги греши есенските лисја за леб, поминува само на зелено.
Се случи уште еден ураган со име. Госпоѓата во поштата, очигледно со некаков грип, кашлајќи, објаснува: Знаете, сите ние сме суштества. Суштества. Го одигрувам гестот на клатење.
Мојсеј на почетокот бил беспомошен.
Затоа неговата приказна учи дека или си способен самиот нешто да направиш
или некој друг ќе ја заврши работата за тебе.
Библијата се случува во ебана пустина.
Егзотична е.
Ликовите уживаат во именувањето работи.
А потоа сето тоа се меша.
( )
Веќе сѐ ми изгледа мало и непотребно.
Несвесно ги пренесувам работите во некаков си рај.
Срцево, како часовник еднаш, почнува да ме мами.
Можев да ти речам нешто непријатно, но сега веќе не знам.
Всушност, колку повеќе години поминувам тука, толку послабо се нишам.
А убавите улици, куќите, рутите и пријателите се слеваат во ова статистичко земско искуство.
Јас во редот да бидам заборавен од себеси.
Им треба многу повеќе уметничка енергија
за да ме трогнат, да ме заинтересираат, да ме разбудат, да ме шокираат.
Ги пренесувам мислите таму, каде ќе биде потешко да се дофатат.
И молитвите цели ги голтам кога во грлото ми тонат.
( )
Јас сум алтернативен оператор.
Седам во машина и сето ова го снимам.
Биографијата која толку многу ме исплаши,
беше повеќе од поднослива, интересна во поривите.
И кога отидов сам на вечерна прошетка,
дури ми се чинеше дека да не губам ништо,
живеејќи тука и пиејќи со тие, што секогаш.
( )
Како што минува времето прифаќам дека
вотката отсекогаш била невкусна.
Траги од точка до точка на мапата,
на која не ни беше дадено да фрлиме поглед, дури и со послабо око.
И сите овие години некој во Фонд за здравство ни кинел страни од книшките.
Експертите и смртниците зборуваат еден преку друг
за да постигнат комичен ефект.
Се разнесуваат смеења снимени на ленти